Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Мицковски во посета на Вевчани

Мицковски во посета на Вевчани

Сподели

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва во општина Вевчани. 

 

-„Одржав состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани. Време е за промени, време е да се даде одговор за сите неправди, неисполнети ветувања, за иселувањето кое ни ја одзема иднината. Време е за обнова, нов почеток, развој, достоинство, силна економија, за високо крената глава и извесна европска иднина“, напиша Мицковски на официјалниот фејсбук профил. 

Мицковски се обрати во  рамките на „Разговори за обнова на Македонија“.

„Бев во славното Вевчани. Овде животот е тежок, осамен. Младите си заминуваат, ги празнат куќите. Секое заминување значи уште една светилка во куќите згасната, помалку луѓе, послаба економија, а слабата економија значи несреќни и разочарани луѓе. Сега ги нема ниту оние од власта кои така гордо пред неколку години велеа дека 500 тини илјади заминале од земјата, па оставаа чевли пред владата, за да ветат демек ќе ги вратиле овие луѓе. Не само што не вратија ниту еден човек, илјадници други си заминуваат. Политика по принципот "мало сутра" не поминува. Народот не му верува на Заев затоа што се што вети се излажа. И не престанува тука, продолжува да ветува и да не ја говори вистината. Остана уште бесмртност да вети, но и за тоа ќе излаже. Тоа покажува дека имаме трул систем. Дека имаме арамии на власт чија одговорност мора да се покрене како прашање, и да има правда за секого. Без оглед дали некој е опозиција или власт. Мораме да ставиме крај на примитивизмот во политиката, на арамилукот, како оној денешен скандал каде формирале фирма за набавка на хелихоптери 23 дена пред самата набавка. И коренот на овој арамилук доаѓа следејќи го примерот од првиот човек, а првиот човек е заглавен до гуша во криминал, за кого поважен е законот за марихуана од европската перспектива на Македонија. Сето ова ќе го поразиме и се гледа крајот, а почетокот после тој крај е обнова на Македонија, земја на правда, сигурност и економски развој“, рече  Мицковски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK