Нед12082019

Последна промена09:04:00 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Промоција на „Дувни, дувни ветренце“

Промоција на „Дувни, дувни ветренце“

Сподели

Во понеделник на 25 ноември во родното село Вевчани во 12 часот,во Клубот на пензионери,на самиот роденден ќе биде промовирана најновата по ред 20 –та книга, Дувни Дувни Ветренце,наменет, ду за најмладата популација,т.е за децата.


Збор – два за авторот
Наум Попески е роден во Вевчани,на 25 ноември 1947 година.А сега живее и твори во Скопје.Во родното место завршува основно образавоние,а гимназија во Струга.Потоа се запишува на Филолошкиот факултет во Скопје,на групата македонски јазик и книжевност.Во 1971 година,е примен во Редакцијата “Нова Македонија“каде што го мина целиот работен век,како новинар и уредник на додадокот за најмладите читатели “Колибри“.
Автор е на повеќе книги за деца,меѓу кои поетските збирки:“Ајде да растеме“,“Детелинка со четири листа“,“Изворчиња – поточиња“,“Една грешка – мака тешка“... Автор е и на првиот “Бонтон за деца“,како и “Дневникот на Мартина“,“Спомени во слики“...
Со името на Наум Попески,најмладите читатели се сретнуваат и во читанките по македонски јазик за основно образование.Овој истакнат македонски автор за деца е застапуван и во други книги – антологии на литературата за деца,преведуван е на повеќе европски јазици,а чест гостин е и на разни меѓународни фестивали на литературата за деца.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Покрај промоторите,за авторот ќе зборува и неговиот соученик фото репортерот Стојан Кукунешоски,од струшко Подгорци.
Пред љубителите на пишаниот збор од Вевчани,промоцијата ќе биде проследена со стихови и проза од творештвото.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK