Саб01252020

Последна промена12:30:54 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Сите патишта водат во Вевчани

Сите патишта водат во Вевчани

Сподели

„Ојш? Ода ам, утре почвит Вевчански Карневал“!  Овие денови сите патишта водат во Вевчани. 


Звучниот и оригинален слоган „Кеојш“ преку кој што Вевчани ги повика граѓаните да станат Василичари, до сега, резултираше со голем одзив.

Вевчани е веќе полно со туристи, сите капацитети во и околината се веќе полни. Вевчанци и посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена, а многумина ги прават и последните подготовки за да се приклучат на уличниот театар и да го заиграат Василичарското оро. Зурлите и топаните веќе надалеку се слушаат!

Општината како организатор, под покровителство на Министерството за култура, е подготвена да ги пречека илјадниците гости, кои непрекинато доаѓаат од земјава и од странство. Сепак, најголем број на посетители, домаќините очекуваат на 13-ти јануари (понеделник) кога, со почеток во 14:00 часот, ќе започне главното дефиле на маските во центарот на Вевчани. Забавната програма на 12-ти јануари ќе започне од 19.00 часот, а на 13-ти јануари музичката програма започнува во 21.00 часот. 14-ти јануари, е резервиран за традиционалното василичарско оро и палење на маските.


Програмата за Вевчански карневал за 2020 наиде на многу позитивни критики на социјалните медиуми, бидејќи покрај традиционалните обреди, таа вклучува и неколку новитети. Преку кулинарското шоу, Бранко Попоски, food blogger кој стои зад проектот Cooking with Branko, ќе ги запознае гостите со кујната карактеристична за овој крај.
За музичкиот дел ќе се погрижат македонски изведувачи од различни жанрови како македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers, DJ Todoroff, македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска, а по барање на публиката, општината се погрижи да ја донесе нашата најголема музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски.
На полноќ на 14-ти јануари, со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Старата Нова Година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK