ФОТО+ Видео: Вевчанските лазарки го најавија Христовото Восресение
- Детали
- Објавено на Сабота, 11 Април 2020 12:42
Вевчанските лазарки по традиција и во карантин, го најавија Христовото Воскресение.
Со величествени песни и молитви на Бога за што поскоро закрепнување од пандемијата , играорките од КУД „Дримкол“ Вевчани, денеска ја оdбележаа Лазарова сабота и празникот Цветници.
Во многу помал број поради пандемијата со корона вирусот, но не се прекинува вековната традиција.
-„Многу среќни и благодарни на Бога што и оваа година ни се овозможи да го одбележиме големиот празник Лазарова сабота“, велат од КУД „Дримкол“.
ВИДЕО: