Пон07132020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Вевчани ги лекува пациентите од ризичните подрачја, но нема ниеден регистриран случај на корона!

Вевчани ги лекува пациентите од ризичните подрачја, но нема ниеден регистриран случај на корона!

Сподели

Здравствениот дом Вевчани на првата линија во битката со пандемијата. Општината опкружена со  ризичните села,  кои ги опслужува  домот   Д-р Светозар Чочороски“, засега нема ниту еден регистриран заболен од Ковид 19.

 

Соседно Лабуништа е најголемото жариште,  таму е заразен  и матичниот лекар. Деновиве истекува 14 дневниот карантин за медицинскиот персонал од  амбулантата и Итната медицинска помош во селото. Тие се тестираа и доколку не се заболени  осумте лекари и медицински сестри, од понеделник повторно  се отвора пунктот во Лабуништа.

-„Ние вообичаено работиме  сега како и во редовни услови го имаме редуцирано персоналот  со цел да се заштитат од евентуалните суспектни пациенти  на Ковид 19.  Инаку вообичаено работи ренген,  лабараторијата, интерно орална вообичаено. Мислам дека сме едни од поопремените здравствени установи,  на време реагиравме имаме заштитна опрема од секој тип , маски скафандери, ракавици“ вели директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски.

Во Вевчани секојдневно се дезинфицира просторот околу Здравствениот дом, поради напливот на пациенти од ризичните села.

- „Секојдневно вршиме дезинфекција на улиците со особено внимание  на просторот околу Здрвствениот дом каде што имаме најмногу посетители од околните места, потоа во централниот дел каде има маркети и најголема рздвиженост. Стравот го има кај сите тоа е нормална појава,  но здравствениот дом е опремен и има доволно заштитна опрема и миилам дека состојбата ја држиме под контрола“ , вели градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Сомнителните случаи од кризните жаришта  се упатуваат по изработената патека на движење. Со термален топломер се мери температура , суспектните  се ставаат во соба за изолација каде им  се врши лекарски преглед. Оние со симптоми од Здравствениот дом во Вевчани се упатуваат на Инфективното одделение во Охрид.

Новинар Соња Рилковска 

МРТВ 

 

Здравствениот дом Вевчани на првата линија во битката со пандемијата. Општината опкружена со  ризичните села,  кои ги опслужува  домот   Д-р Светозар Чочороски“, засега нема ниту еден регистриран заболен од Ковид 19.

Соседно Лабуништа е најголемото жариште,  таму е заразен  и матичниот лекар. Деновиве истекува 14 дневниот карантин за медицинскиот персонал од  амбулантата и Итната медицинска помош во селото. Тие се тестираа и доколку не се заболени  осумте лекари и медицински сестри, од понеделник повторно  се отвора пунктот во Лабуништа.

-„Ние вообичаено работиме  сега како и во редовни услови го имаме редуцирано персоналот  со цел да се заштитат од евентуалните суспектни пациенти  на Ковид 19.  Инаку вообичаено работи ренген,  лабараторијата, интерно орална вообичаено. Мислам дека сме едни од поопремените здравствени установи,  на време реагиравме имаме заштитна опрема од секој тип , маски скафандери, ракавици“ вели директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски.

Во Вевчани секојдневно се дезинфицира просторот околу Здравствениот дом, поради напливот на пациенти од ризичните села.

„Секојдневно вршиме дезинфекција на улиците со особено внимание  на просторот околу Здрвствениот дом каде што имаме најмногу посетители од околните места, потоа во централниот дел каде има маркети и најголема рздвиженост. Стравот го има кај сите тоа е нормална појава,  но здравствениот дом е опремен и има доволно заштитна опрема и миилам дека состојбата ја држиме под контрола“ , вели градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Сомнителните случаи од кризните жаришта  се упатуваат по изработената патека на движење. Со термален топломер се мери температура , суспектните  се ставаат во соба за изолација каде им  се врши лекарски преглед. Оние со симптоми од Здравствениот дом во Вевчани се упатуваат на Инфективното одделение во Охрид.

Новинар Соња Рилковска 

 
 
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK