Пандемијата силно го погоди туристичко Вевчани
- Детали
- Објавено на Понеделник, 27 Јули 2020 11:17
До лани тесните улички преполни со групи туристи, денес речиси празни.
Познатите планински ретки вевчански врела уредени со излетнички реквизити без посетители. Ваква е сликата ова лето во прочуеното Вевчани.
Гости имаат само неколкуте апартманите кои нудат летување со ваучери. Првиот човек на општината топло го препорачува Вевчани, вели иделано е за одмор и рекреација особено во пандемијата.
-„Вевчани е идеално во овој период на Ковид кризата бидејки лесно може да се одржува социјална дистанца има прекрасна природа за пешачење може да се ужива имаме одлични етнор есторани, многу туристички излетнички места има што да се види“, вели Сашо Јнакоски градоначалник на општина Вевчани.
Познатите етно ресторани оваа сезона отанаа празни. Прометот велат им е налален за 95%.
-„Да ја наречеме катастрофална може да е благ збор во тој дел. Многу малку гости исклучиво наши макеоднски што не беше случај изминатве години. Вевчани и неговата близина со Охрид неговите прриодни убавини беа многу атрактивни за гостите од странство “, вели Тони Костојчиноски угостител од Вевчани.
-„Да ви кажам во споредба со другите години многу слабо е со гости. Вевчани сепак е туристичка атракција меѓутоа годинава е многу слабо, имаме само домашни туристи“, вели еден вевчанец.
Познатите излетнички места Јанков Камен, летничките езера, манастирот Свети Спас, магичните надалеку прочуени Вевчански извори, пешачките и велосипедските планински патеки, тениските игралишта, севкупно недопрената живописна природа се магнет за туристите.
На 1100 метри надморска височина Вевчани е едно од најатрактивното места под падините на Јабланица.
Новинар Соња Рилковска