Сре01272021

Последна промена05:17:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Хронично болните се враќаат на работа, со одредени исклучоци

Хронично болните се враќаат на работа, со одредени исклучоци

Сподели

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, но со одредени исклучоци.

 

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата, односно пациентите кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба..

Претставниците на повеќе здруженија на хронично болни пациенти денеска ги усогласија критериумите за враќање на работа на оваа категроија граѓани.

Предлозите, ги испратија до Министерството за здравство, а утре ќе имаат средба и со министерот филипче.

Нивно главно барање е болните со најголем ризик на смртност од ковид-19 да останат дома.

Во рамки на денешната седница меѓу другото одлучено е бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки..

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK