Саб09262020

Последна промена01:24:52 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Во Вевчани се урива кафулето на ќерката на поранешниот градоначалник

Во Вевчани се урива кафулето на ќерката на поранешниот градоначалник

Сподели

Уривањето на дивоградби во Вевчани започна во 6 часот утрово.

 Од десетина кафулиња во општината  се урива само еден угостителски локал и тоа во сопственост  на  ќерката на поранешниот градоначалник.

Од таму обвинуваат дека се работи за политичка одмазда, бидејки   од сите дивградби  во општината единствено  се руши  настрешницата на нивниот локал.

Тие тврдат дека  ги имаат сите потребни  документи, проекти и елаборати, како и сите други уггостителски  објекти . Го обвинуваат градоначалникот за селективно уривање и политички реваншизам , што е  грубо кршење на законот.

Овде од најгоре да тргниш сите јавни површини се дивогрдби бидејки Вевчани нема ДУП, нема ниту програма донесена за поставување на урбана опрема , времени објекти и натсрешници , што значи споед законот се е дивоградба , но овде има политичка одмазда .Ние ппоследни изградвме а први не рушат“,  вели Наташа  Мурџеска  сопственик на угостителски објект.

Првиот човек на општината ги отфрлува обвинувањата,  вели градежниот инспектор донел таква одлука.

 „Јас работам врз основа на документи што ги носи градежниот инспектор  илиуправна иснпекција не работам по муабети. Работиме по урбанистички план од  1999 година што е донесен тој е валиден се уште и по него работи одделението за урбанизам Не издавам јас дозволи туку советникот за урбанизам“, појаснува градоначалникот Сашо Јанкоски.

Според општината ќе се уриваат пет тврди градби и пет  настрешници,  огради, скали  и слично, но само еден угостителски објект, бидејќи ги немал потребните документи.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK