Саб03062021

Последна промена06:34:00 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот

Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот

Сподели

Вевчани направи дневна болница за лекување на пациенти со корона вирусот.

 Поради зголемениот број на заболени   деновиве во Здравствениот дом   „Доктор Светозар Чочороски“  преадаптирани се некои одделенија и поставени се  десетина нови   кревети.

Пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19  од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица   добија безбеден и изолиран простор за лекување.

„Поентата ни беше да помогнеме на Струга и Охрид да се олесни работата Станува збор за пациенти со лесна до средна клиничка слика, не се за класично болничко лекување но не се ни за домашно лекување. Терапијата мора да ја примаат во болнички услови“ ,  вели Јован Стојкоски.

Во есенскиот бран од вирусот  многу малку пациенти  има од Лабуништа, селото кое  беше најголемо жариште во пролетниот бран.

-„Во вториот бран интересно е што бројот на пациенти од Лабуништа е помал полем е од Вевчани, Октиси и другиот дел кој фигурира околу Вевчани.0352 Терапијата гледаме да ја обезбедиме доколку  одредени лекарства нема тогаш пациентите ќе ги рефундираат средствата од Фондот за осигурување  , додава Стојкоски.

Здравствениот дом Вевчани  покрива 25 000 жители, а   има двајца интеренисти задолжени за лекување на заболените со корона вирусот.  Моментално даесет и пет пациенти заболени со ковид 19   се лекуваат  во домот  „Доктор Светозар Чочороски“.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK