Запленети пиротехнички средства во Вевчани
- Детали
- Објавено на Сабота, 26 Декември 2020 13:41
Запленети пиротехнички средства во Вевчани.
На 25.12.2020 година, при извршен претрес во домот на М.К.(68) од Вевчани, полициски службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа вкупно 2200 парчиња разновидни пиротехнички средства, што тој нелегално ги поседувал. Истиот е приведен и по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.