Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Се судрија Василичарите и полицијата

Се судрија Василичарите и полицијата

Сподели

Се започна мирно, весели Василичари, зурли и тапани, но кога се случи дефилето на  маските дојде до  инцидент .

Се судрија вевчанци и полицијата.  Специјалците се обидуваа  да ја растераат толпата од плоштадот ,при тоа   дојде до турканици, викотници и  неколкумина приведени. И ппокрај тоа што немаше организација, вевчанци ја продолжија вековната традиција. Низ улиците продефилираа  стотина маски. 

Покрај зетот, невестата ,глупавиот Авгус досетливите вевчанци со многу хумот и сатира ја исмеваа 2020 година. Во фокусот на вевчанскиот карневал беа корона вирусот, вакцинацијата и спорот со Бугарија.

„Донесовме нови вакцини, има за премиерот за градоначалникот, донесовме бугарски коења, се е гратис денеска“, велат маскираните.

Градоначалникот вели  немаат надлежност ниту можност да ја спречат  организацијата на карневалот , тие со денови апелираа да се почитуваат препораките.

„Во делот на организација ги откажавме сите активности како организатори но ова во Вевчани тешко дека некој може да го спречи. И горнолалското и долномаското мало има индивидуални маски но немаме никакви ингеренции доколку дојде до немил настан бидејќи не сме организатори на овој дел од манифестацијата, вели Јанскоски.

Инцидентот заврши без повредени. Василичарите после еден час си заминаа од плоштадот. Во Вевчани денес имаше стотици полициски службеници и специјалци . Повеќето пприсутни и маскираните носеа заштитни маски против корона вирусот.

Новинар Соња Рилквоска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK