Пет01222021

Последна промена01:37:37 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани СВР Охрид: Полицијата интервенираше во Вевчани заради непочитување на препораките

СВР Охрид: Полицијата интервенираше во Вевчани заради непочитување на препораките

Сподели

Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните  во услови на глобална пандемија.

Имено, и покрај претходно постигнатиот договор  на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување  на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK