Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Во Вевчани солиден интересот за вакцинација на постарите лица

Во Вевчани солиден интересот за вакцинација на постарите лица

Сподели

Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани во првите три вакцинални денови  вакцинирани се вкупно  50 граѓани над 77 години.  

Претежно постари жители од Вевчани, но од  останатите струшки села Лабуништа, Октиси, Подгорци, Татеши и  Велешта  воопшто нема  одзив.

-„Во Вевчани можам да кажам дека е солиден одзивот од страна на граѓаните на оппштината, но од соседните села нема интерес. Матичните лекари во термините кои што се отворени немаат дистрибуирано пациенти за вакцинација  во Здравствениот дом. Дали со отворањето на вакциналните пунктови во Лабуништа и Велешта ќе се зголеми бројот на пациенти кои ќе се вакцинираат ќе видиме“, вели Јован Стојкоски  директор на  Здравствен дом „Д-Р Светозар Чочороски“ - Вевчани.

Може да биде слика на еден или повеќемина, внатре и болница

Слаб одзив за вакцинација со  „Астра Зенека“ и во Струга.  Антивакциналната кампања, во изминатиот период   за  овој вид вакцина го преполови  интересот кај пријавените граѓани за имунизација. Иако првично се регистрирале во системот,  сега одбиваат термини од матичните лекари.Повеќето се плашат од контраидникации.

Во Здравствениот дом во Струга во првите два дена вакцинирани се   61  повозрасен  граѓанин.

-„Од два пати по 40 што беа  дојдоа по 30, завчера 31 значи 61. Тука има уште неколкумина сакаат во домашни услови оние кои се неподвижни. Тоа денес ке го организираме да ги вакцинираме во домашни услови“ , вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.

Здравствените работници апелираат граѓаните масовно да се вакцинираат, појаснувајќи дека вакцините се безбедни и само на тој начин ќе се стави крај на панедмијата.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK