Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани ФОТО: Карневалско лудило во Вевчани

ФОТО: Карневалско лудило во Вевчани

Сподели

 

 

Започна карневалското лудило. Вевчани денес наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира.

 

Нема достапен описЗурли, тапани, стотици маски продефилираа низ вевчанските улици. Покрај традиционалните маски зетот и невестата, Глупавиот август и гаволите, низ Вевчанските улици денес прошетаа ангели, нацисти, Кастриот Реџепи и други политичари од земјава. Во фокусот на карнвалот беше пандемијата и политичката криза, се делеа ковид сертификати, се вееше европското знаме, со падобран летаа за ЕУ.

Нема достапен опис

Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.

- Има многу хумор многу сатира и тоа е убавината на овој карневал. Ќе ја прикажат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат никакви национални или верски чувства. Во овој театар на отворено ако се види многу грубост нетреба да се груби ако видите многу вулгарност не треба да сте вулгарни. Пораката е преку негативните работи да влијаеме позитивно., рече Спасе Кочоски градоначалник на Вевчани.

Нема достапен опис

На најголемата карневалска манифестација во падините на Јабланица денес присуствуваа и амбасадори и политичари.

Нема достапен опис

-Овие луѓе се добронамерници и сатирата на овој ден ја поздравувам и оваа традиција треба да продолжи. Не сум од тие кои лесно се навредуваат, напротив ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни., рече Христијан Мицковски лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Нема достапен опис

Голем број туристи денес беа во Вевчани уживаа во вековната традиција која е спој на паганското со христијанското.

Нема достапен опис

Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото. Прославата продолжува вечерва со концерт на Перо Бели, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски, а точно на полноќ традиционално со огномет вевчанци ќе ја дочекаат Православна Нова година.
Околу 3 часот наутро одат да ја светат водата на Вевчанските извори. Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските.

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK