Се чистат одводните канали во Вевчани

Сподели

Започнаа градежните активности за чистење на одводната каналска мрежа вон урбаниот опфат во општина Вевчани.

Предмет на расчистување се три главни одводни канали во вкупна должина од 4 километри. Активностите за расчистување опфаќаат сечење на жбунови и вегетација, машински ископ на земја и чистење на постојните армирано бетонски пропусти.
Со расчистувањето на главната одводона каналска мрежа ќе се овозможи нормално функционирање на истата, ќе се подобри прифатливоста на водите од урбаната зона и површинските амотсферски води, како и ќе се придонесе кон поголема заштита на земоделските обработливи површини.
Средствата за реализација на овој проект, по претходна апликација на општина Вевчани, се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.