Пензиониран угостител денес познат пчелар

Сподели

Ристо Достиноски угостителската униформа ја замена со пчеларски костум,роден во Велгошти охридско,живее во Подгорци струшко и одгледува пчели. Денес ја  врши функцијата претседател на Здружението на пчелари„Пчела“ од Струга.

Поранешниот шеф на сала во хотелот „Дрим“ во Струга,наместо чаши и флаши полни тегли со мед.Пензионираниот угостител Ристо Достиноски,својата љубов кон природата ја претвори во својата нова професија,која му била долгогодишно хоби.

-Со пчеларство како хоби почнав да се занимавам уште додека бев на работа во хотелот „Дрим„ во Струга.Моето хоби ме исполнуваше и душевно и понекогаш финасиски.Тоа ми дојде како резервна професија.И во текот на кариерата не се откажав од хобиото затоа што сум голем вљубеник на прирорадата,се занимавам со овоштарство и пчеларство.Започнав со пет пчелини семејства.


Од тогаш некогашниот келнер го проширува бројот на производи денес има преку шеесет пчелни семејства и ги произведува сите пчелни производи.
Ристо Достиноски,кој има завршено вишо угостителско образование во Опатија,сега оди на манифестации во повеќе градови,на фестивали на мед во Скопје,Кочани,Штип,Прилеп Битола,на сајеми за мед во Београд,Турција и др.Најголемиот дел од производството таму го продавам.Немам реклами,гласот за моите производи оди од човек на човек.Мислам секој во земјава може да живее од ваква дејност ако ја сфати сериозно.Земјоделството може да се работи како дополнителна дејност и по пензионирањето.
Пчелните кошници – сандаци сам ги изработувам ,а внатрешноста самите пчели ја уредуваат.

Пчеларникот се наоѓа во костеновата шума до самиот пат за Вевчани.Мечката неколку пати со ред доаѓа и ги уништува сандаците. Државната комисија ни призна штета.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ