Чет05282020

Последна промена10:44:02 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Убиецот од Вевчани бара помала казна

Убиецот од Вевчани бара помала казна

Сподели

Одбраната на Здравко Србаковски, осуден на доживотен затвор за двојното убиство во Вевчани, правдата  одлучи да ја бара и во Врховниот суд.

Србаковски, на денешната јавна седница во судот, искажа каење за стореното дело и тврдеше дека убиството го извршил во самоодбрана.

-Сите мои досегашни изјави беа свртени против мене. Во моментот кога го извршив убиството бев под дејство на алкохол и се чувствував понижено, поради тоа што, сега починатиот Владо Попевски, ме натепа, а полицијата не поднесе пријава против него, рече Србаковски.

Неговиот адвокат, Ихмет Нура, рече дека и во претходните жалби побарале намалување на пресудата за доживотен затвор. Наместо тоа, 15 до 20 години затворска казна, рече Нура, би била соодветна.

-Имајќи го предвид фактот тоа што мојот клиент е на 58 годишна возраст и никогаш до сега не бил осудуван, сметаме дека доживотен затвор е драконска казна. До сега не се докажа дека убиството било извршено со умисла и се покајал за делото, сметаме дека максималната казна не би требало да биде повисока од 20 години, рече Нура.

Врховниот суд, на седницата одлучи да постапува по однос на жалбата на одбраната. Јавноста дополнително ќе биде известена за долуката, соопштија од судот.

Двојното убиство во Вевчани се случи вечерта на 13 август 2014 година, кога обвинетиот Србаковски, испукал 8 куршуми во Владо Попески и Матеј Ѓурчески, кои починале на самото место и Илија Пржитоски и Горан Коруноски, кои се здобиле со рани од огнострелно оружје. Основниот суд во Струга согласно член 123 став 3 и член 44 став 2 точка 1 од Законот за кривична постапка му изрече доживотна казна затвор на Србаковски. Ваквата одлука, одбраната ја обжалила и до Апелациониот суд во Битола, кој истата ја отфрли како неоснована.

24 Вести 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK