И Вевчани доби пари за проекти

Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ додели неповратни средства на општина Вевчани за реализација на два проекти во рамките на програмата за инвестирање во животната средина за 2016 година.

Со едниот проект предвидено е изградба на канализациона линија - крак 7, а со вториот проект ќе се изработи комплетна техничка документација за изградба и реконструкција на 10 канализациони лини во општина Вевчани.