Се реконструира градинката во Вевчани

Сподели

Во тек се градежни активности за реконструкција на фасадата на објектот на детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет Вевчани.

Покрај фасадата, во објектот ќе се инсталира и термосифонски систем со сончеви колектори за добивање на санитарна топла вода. Овие инвестициони активности значително ќе придонесат кон подобрување на енергетската ефикасност на објектот и заштеда на средства.