Се уредува спортско образовниот комплекс во Вевчани

Сподели

Комплетно партерно уредување ќе добие спортско - образовниот комплекс во општина Вевчани.

Во тек се градежни активности за партерно уредување на просторот околу основното училиште, спортската сала и детската градинка. Градежните активности опфаќаат: изградба на пристапна рампа и скали во форма на летна сцена – амфитеатар, како пристап до комлексот од страна на детската градинка; уредување на платото пред спортската сала; уредување на училишниот двор; изградба на пристапни пешачки патеки; изградба на паркинг простор; потпорни заштитни ѕидови и заштитна ограда; и поставување на урбана опрема.