Почна Вевчанското културно лето

Сподели

Во просториите на Клубот на ЗП-Вевчани,Академијата на убави уметности  и Вевчанското културно лето ВЕВКУЛ-2016 ,активностите ги започнаа со промоција на книгата –универзитетски учебник ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА од Академик проф.д-р.ХРИСТО АНЃЕЛСКИ,од Вевчани и тројца коавтори.

 

     Уводничарот на промоцијата  Мишо Китаноски истакнатиот новинар,публицист,автор,хроничар на Вевчани,кој прво ги поздрави сите присатни а посебно ги истакна градоначлникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски и председателот на Вевчанската Академија на убавите уметности архитектот Жан,кој истовремено ги поздрави сите присатни.

     Промотори на учебникот по медицина Д-р.Иван Коруноски,вработен во Здравствениот Дом „Д-р.Светозар Чочороски“во Вевчани и поетот Ранко Бебековски од Вевчани кој живее во Белград.Фрагменти од биографијата и библиографски податоци за авторот Анѓелски,читаше младата поетеса Верица Мукоска.

     Академик проф.Д-р.Христо Анѓелски е роден во Вевчани,1948 г.Основно и средно образование-гимназија  завршил во Белград.Дипломиорал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во 1974 година.

     Магистрирал во Москва на Меѓународната школа за јавно здравје при Светската здравствена  организација 1980 година,на тема „Системот на закажување посети како облик на организација  на работата во здравствените домови .“Докторирал на Медицинскиот Факултет во Белград,1999 година,на тема :„Преживување на болните од малигни неоплазми како      основа за програмирање на самозаштитни активности“.

     Специјалист по социјална медицина е од 1981 година.

     Работниот век го започнал во Гарнизионската амбуланта во Горни Милановац во 1975 год,а го завршил,како советник,во 2012 година ,во Градскиот завод за јавно здравје во Белград.

     Учествувал во изработката на повеќе проекти за унапредување на здравствено-информациониот и здравствено – статистичкиот систем на Република Србија,како и на други проекти кои се однесуваат на развитокот на здравствената заштита.

     Член е на повеќе лекарски здруженија,фондации и лекарски и фармецевски комори во Република Србија.

     Објавил самостојно или со други соработници околу 160 стручни трудови и 20 монографии и студии.Коавтор е на книгата „Здравствено законодавство“:За ова пригода ќе ги спомнеме,само;книгата-учебник „Социјална медицина и медицинска екологија“;„Здравствено законодавство “;„Социјална Медицина  со здравствена статистика и биоинформатика “;„Историја на стоматологијата“ и ред други наслови.    

  СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

 

     Во просториите на Клубот на ЗП-Вевчани,Академијата на убави уметности  и Вевчанското културно лето ВЕВКУЛ-2016 ,активностите ги започнаа со промоција на книгата –универзитетски учебник ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА од Академик проф.д-р.ХРИСТО АНЃЕЛСКИ,од Вевчани и тројца коавтори.

     Уводничарот на промоцијата  Мишо Китаноски истакнатиот новинар,публицист,автор,хроничар на Вевчани,кој прво ги поздрави сите присатни а посебно ги истакна градоначлникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски и председателот на Вевчанската Академија на убавите уметности архитектот Жан,кој истовремено ги поздрави сите присатни.

     Промотори на учебникот по медицина Д-р.Иван Коруноски,вработен во Здравствениот Дом „Д-р.Светозар Чочороски“во Вевчани и поетот Ранко Бебековски од Вевчани кој живее во Белград.Фрагменти од биографијата и библиографски податоци за авторот Анѓелски,читаше младата поетеса Верица Мукоска.

     Академик проф.Д-р.Христо Анѓелски е роден во Вевчани,1948 г.Основно и средно образование-гимназија  завршил во Белград.Дипломиорал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во 1974 година.

     Магистрирал во Москва на Меѓународната школа за јавно здравје при Светската здравствена  организација 1980 година,на тема „Системот на закажување посети како облик на организација  на работата во здравствените домови .“Докторирал на Медицинскиот Факултет во Белград,1999 година,на тема :„Преживување на болните од малигни неоплазми како      основа за програмирање на самозаштитни активности“.

     Специјалист по социјална медицина е од 1981 година.

     Работниот век го започнал во Гарнизионската амбуланта во Горни Милановац во 1975 год,а го завршил,како советник,во 2012 година ,во Градскиот завод за јавно здравје во Белград.

     Учествувал во изработката на повеќе проекти за унапредување на здравствено-информациониот и здравствено – статистичкиот систем на Република Србија,како и на други проекти кои се однесуваат на развитокот на здравствената заштита.

     Член е на повеќе лекарски здруженија,фондации и лекарски и фармецевски комори во Република Србија.

     Објавил самостојно или со други соработници околу 160 стручни трудови и 20 монографии и студии.Коавтор е на книгата „Здравствено законодавство“:За ова пригода ќе ги спомнеме,само;книгата-учебник „Социјална медицина и медицинска екологија“;„Здравствено законодавство “;„Социјална Медицина  со здравствена статистика и биоинформатика “;„Историја на стоматологијата“ и ред други наслови.       СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ