Саб04102021

Последна промена06:45:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Промовирана книгата „ЗБОРЧОВЕК“

Промовирана книгата „ЗБОРЧОВЕК“

Сподели

Во рамките на овогодишното Вевчанско културно лето – ВЕВКУЛ 2016,Академијата на убави уметности од Вевчани ,во кино салата организира промоција на најновоиот труд „ЗБОРЧОВЕК“.

Промотори на најновата книга беа Академик Јован Стрезовски,писател од Струга длгогодишен директор на „Струшките вечери на поезијата“и Академик проф.д-р.Александар Стерјовски од Битола.


Промоторот Стрезовски кој на многу убав сликовен начин ги образложи сите 21 едно поглавие на книгата која има над 400 страници,а додека вториот промотор д-р Александат стерјоски,редовен професор во пензија,зборуваше за ликот на проф. Д-р.Драган Јанкоски,автор на последното негово издание „ЗБОРЧОВЕК“.
Проф.д-р Драган Јанкоски,од учител во прво одделение,до редовен универзитески професор на додипломски и последиплпмски студии ,е роден 1940 година,во Вевчани.Во Скопје,средно образование завршува во Учителската школа „Никола Карев“ и диплпмира на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград.Доктор е на педагошки науки.
Професионалната наставничка кариера на проф. Д-р Драган Јанкоски му е одвивана степенесто низ сите фази на образовната системско –институцијална пирамида,од учител во основно училиште,до редовен професор на факултетот за учители во Битола,
Има долгогодишно,богато,разновидно и особено успешно искуство во остварувањето на раководни функции во образовната дејност.Раководел со самоуправна интресна зедница,орган на управа,центар за средно образование и завод за школство.Учествувал во работа на бројни и од висок ранг општествени и стручно-научни органи тела.
Јанкоски е еден од основачите и редовен професор на Факултетот за учители и воспитувачи при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола,каде на дипломските студии ги предава наставните предмети:Педагогија и Организација на образованието,а на посдипломски од 2003 година:Микропедагогија,Педагошки надзор и советување,Образовен менаџмент и Образовни системи.Како надворешен соработник,од почетокот на деведесеттите години на минатиот век,на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при Универзитетот „Св.Кириол и Методи“ во Скопје ,на последеипломски студии на смерот – кадровски менанџмент ги предава наставните предмети:Економија и планирање на кадри и образование,Менаџмент на образовна организација и Педагошки надзор и советување.
Покрај научното звање – доктор на науки и наставното – редовен универзитетски професор,носител е и на највисокото стручно – самостоенпедагошки советник и професионално – особено истакнат педагошки работник.
Фрагменти од книгата читаа неговите внуци :Ефимија и Звездана Дуцкиновиќ,Јана и Драган Јанкоски-внук.
На крајот од промоцијата уводничарот ,истакнатиот новинар,публицист,поет и хроничар на Вевчани Мишо Китаноски го покани авторот да земе збор,кој се заблагодари на сите 150 присутни љубители на книгата кои ги имаше од Охрид,Струга,Дебар,Река,Демир Хисар,Битола,од Вевчани и околните села.
За крај општината Вевчани со организторот на ВЕВКУЛ-2016,во клубот на ЗП-Вевчани имаше организирано богат коктел за сите присутни гости и мештани.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK