Пон06262017

Последна промена01:40:07 PM

Back Вие сте на: Home Живот Норвешка е прва држава која ќе ги исклучи сите ФМ радија

Норвешка е прва држава која ќе ги исклучи сите ФМ радија

Сподели

Норвешка наскоро ќе стане првата земја во светот која постепено ќе престане да користи ФМ радио мрежи. Првата област која ќе престане да ја користи оваа фреквенција ќе почне со исклучувањата наредната недела.

Населението го осудува потегот, бидејќи аналогните мрежи ќе преминат на емитување на дигитално аудио (Digital Audio Broadcasting), а сите автомобили ја немаат потребната опрема за да слушаат вакво радио.

Анкета спроведена од норвешкиот весник Dagbladet минатиот месец, кога промената била одобрена, покажала дека множинството Норвежани – 66 посто – се противат на одлуката, само 17 посто се „за“, а останатите немаат мислење.

Владата вели дека дигиталната опција ќе заштеди повеќе од 200 милиони круни (23,5 милиони долари) за радио мрежите, а ќе донесе и почист звук за пет милиони население кои живеат во огромната земја формирана од фјордови и планини.

„Главната причина зошто Норвешка е првата држава која ја донесе оваа одлука, е пејзажот – длабоки фјордови, високи планини и отсечени заедници“, пишува Владата во изјава. „Поради тоа е особено скапо за норвешките ФМ мрежи да оперираат, во споредба со другите земји“.

Гасењето на мрежите ќе започне на 11 јануари, во градот Бодое. Се очекува сите мрежи во земјата да се исклучат до крајот на годината.

Извор:radiomof.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK