Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Живот Преподобна Ксенија - сенаторовата ќерка која се предаде на Христа

Преподобна Ксенија - сенаторовата ќерка која се предаде на Христа

Сподели

Денешниот ден според календарот на МПЦ е псоветен на неколку значајни светители.

 Преподобна Ксенија

Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, поблескав од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

Светиот маченик Вавила

Свештеник во Сицилија. Пострада за Христа со двајца свои ученици во 3 век.

Преподобен Македониј

Сириски пустиник. Дури на старост се хранеше со печен леб, а пред тоа јадеше само јачменови зрна наквасени во вода. Се упокои во 418 година.

Преподобен Филон, епископ Кипарски

Посветен за епсикоп од Св. Епифаниј, беше повикан во Рим за со својата молитва да ѝ помогне на сестрата на царот Хонориј. Ги протолкува Петокнижието и Песна над песните. Се упокои мирно во 5 век.

Преподобен Дионисиј Олимписки, Чудотоворец

Се подвизуваше на Олимп. За монах потстрижен на Света Гора, каде што беше игумен на манастирот Филотеј. Пред крајот на животот повторно се повлече во осама на Олимп, каде што и се упокои во 14 век.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK