Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Сподели

Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски.

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

Свети Николај - заштитник на морињата


Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.
Пренос на моштите[уреди | уреди извор]

Базиликата Свети Никола во Бари, Италија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од моштите на Свети Никола


На 26 август 1071 година Византија на чело со Роман IV (владеел во периодот од 1068 - 1071 година) била поразена во битката кај Манцикерт во Мала Азија, со селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката завршила со пораз на византијците а Роман IV бил заробен. После оваа битка Византија привремено ја губи контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Византијците ја повратиле на кратко контролата врз Мала Азија за време на Алексеј I Комнин.

Во тоа конфузно време некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на 9 мај 1087 година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од Бари и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во Бари, Италија, кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет. Денес во Бари постојат две цркви во негова чест, една католичка една православна.

Заштитник и светец
Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како „Господар на морето“. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.

Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK