Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Живот Задушница - ден за сеќавање на мртвите

Задушница - ден за сеќавање на мртвите

Сподели

Православните христијани во сабота утре  ја празнуваат Задушница.

Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. 

Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.

Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.

МПЦ во текот на одбележува и есенски задушници, потоа летни Духовденски, пролетни воочи големиот пост и зимски кои уште се викаат и Митровденски.

Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со цевено вино.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK