Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Живот Три силни земјотреси ширум планетата

Три силни земјотреси ширум планетата

Сподели

Во силен земјотрес што го погоди пограничниот регион на Иран и Ирак Кременаш, според најновите информации настрадале над 200 лица, додека преку 2.800 биле повредени. Медиумите известуваат дека јачината на земјотресот е помеѓу 7 и 7.9 по Рихтер.

 

Земјотрес со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денес на источниот брег на Јапонија, објави американскиот геолошки институт. Земјотресот, чија прва сила била проценета на 6.1 степени, ја погодил областа на 351 километар источно од Сендаи на островот Хонсху, на длабочина од 9.5 километри. Јапонската метеоролошка служба објави дека јачината на земјотресот изнесува 5.7 степени.

Силен земјотрес со јачина од 6.5 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Костарика, но за среќа немало жртви ниту материјални штети. Исто така, не било издадено предупредување за цунами. Земјотресот се случил југозападно од главниот град Сан Хозе, на длабочина од 20 километри, соопшти американското геолошко истражување.

Исто така, синоќа биле забележани три послаби земјотреси чиј епицентар бил близу до Риека,пишува  Факултети.мк.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK