Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Живот Изберете го Охрид за дочек на Новата година!

Изберете го Охрид за дочек на Новата година!

Сподели

Виена, Прага, Будимпешта, Рим,  Венеција се дел од најчестите понуди за дочек на Новата година со кои бомбардираат туристичките агенции на социјалните мрежи. Понуди има и за Белград, Загреб, Будва, Банско, Софија, Атина.

Но зошто да не Охрид??? 

 Охрид изобилува со  културно историски споменици,  природна убавина и многу забава  во која може да уживаат бројните гости и може да се рамни со секоја туристичка метропола во светот.  

Охриднет ќе ви наброи повеќе причини зошто Нова година да ја минете токму на брегот на Охридското езеро.

-          Охрид е убав во зима исто како и  во лето.  Сјајот  и боите на Охридското езеро  се единствени и неповторливи и во зима исто како и во летните месеци. Можеби нема да можете да пливате  како во Африка, но ќе  имате  незаборавна панорамска прошетка со некој од охридските бродови и да уживате во прекрасните езерски пејсажи кон манастирот Свети Наум Охридски.......Или само ќе попешачите на охридскиот кеј и ќе гледате некој од неповторливите залези.... или можеби ќе ги гледате немирните лути бранови......ќе уживате во прекрасниот танц на бројните лебеди кои го красат синото езеро....

-          Градот нуди богата забава. Охрид редовно организира масовен дочек на најлудата ноќ на плоштад но тоа е само дел од богатата забава. Вистинското уживање е прославата  во многуте угостителски објекти, кафулиња,ноќни клубови,  дискотеки, ресторани и хотели. Богата понуда за сечиј вкус и за помладите и за повозрасните.

-          Може за малку пари да уживате во вкусната храна и пијалоци. Да за малку пари во споредба со сите европски градови и понудите во регионот може да уживате во превкусната традиционална македонска кујна.Додека низ европските градови за вода треба да платите 2 или 3 евра во Охрид може со тие пари да ручате.Охриднет топло ви го препорачува ресторанот ,,Томато”, во срцето на Охрид на градскиот плоштад. Таму за порција 10 кебапи со помфрит и леб ќе потрошите 150 денари односно 2,5 евра.  За оние кои сакаат да уживаат во мезе специјалитети и пијалоци ви ги предлагаме повеќето пабови на градскиот кеј.  За љубителите на теста и бели пецива ви ги препорачуваме бројните пекари во центарот на градот.  Тука ќе најдете најголем избор на вкусни топли кифли, пити, банички и бурек.

-          Може да добиете и волшебен зимски  спа одмор. На брегот на Охридското езеро може да уживате во вистиснки спа одмор.  Топол затворен базен, турска бања, топло џакузи, сауна  и уште  многу рекреација. Кога сме кај спа одморот топло го препорачуваме  хотелот ,,Изгрев” во Калишта струшко и хотелот „Тино Свети Стефан“.

-          Може да уживате во бројните културно историски  споменици. Охрид е ризница на богато културно историско наследство. Тој е градот на Господ или  Балканскиот Ерусалим.Градот на вековите....  Бреговите на Охридското Езеро биле населувани уште од прастари времиња. Археолошките податоци говорат за населби од неолитскиот период (младото камено време), 6000 години пред нашата ера. Овде секое камче е историја.....Посетителите може да уживаат во бројните цркви во стариот дел на Охрид. Да ја посетат Самоиловата тврдина, староградските автентични куќи  и градските музеи. Златната соба..... Плаошник за да го почуствувате духот на Свети Климент Охридски......посетете ја црквата Света Софија, Света Богородица Перивлепта, Свети Јован Канео.....

-          Може да го посетите Заливот на коските. Во Градиште може да уживате во најпосетениот музеј во земјава а тоа е Заливот на коските. Праисториската населба на вода и да отпловите векови наназад во праисторијата. Посебно доживување за секој посетител. Тој што го посетил ова магично место знае, а тој што не бил треба.

-          Посета на манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски. Охрид не би бил Охрид без еден од најубавите манастири на брегот на Охридското езеро.Манастирот на познатиот Чудотворец Свети Наум Охридски каде до ден денешен се поклонуваат илјадници верници од сите вери и нации......Ова без сомнение е едно од најдуховните и најубавите места во регионот. Зеленилото  од недопрената природа на тиркизните извори на  реката Црн Дрим нема да остават никого рамнодушен. Топло ви препорачуваме прошетка по ледените извори и ручек во некој од рестораните.  Свети Наум може да одите со автомобил, автобус или со брод. Тоа нека биде ваш избор.

-          Прекрасната клима која дарува здравје. РИЗНИЦА НА ЗДРАВЈЕТО. Причина плус за да го посетите Охрид е тоа што градот дарува здравје. Опсежните проучувања од страна на медицинските експерти потврдија дека на бреговите на Охридското Езеро постојат одлични услови за лекување против многу болести. Релативно нискиот атмосферски притисок, големиот број сончеви денови, поволното струење на воздухот, благите промени на температурата од едно во друго годишно време и многу други климатски погодности на охридското крајбрежје се вистинска ризница на здравјето и  благотворно влијаат здравјето на луѓето.

 

Во Охрид секое утро е различно, секоја ноќ е волшебна, секој миг минат крај синото милиони старо езеро  е магичен ....

Верувам ви дадовме доволно причини зошто да го изберете Охрид за Новогодишните празници......

 

новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK