Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Живот Започна исплатата на К 15

Започна исплатата на К 15

Сподели

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.

Компаниите кои што не го исплатиле во претходните 11 месеци ќе мораат тоа да го направат во декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Висината на К-15 зависи од  износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во последните три месеци.

До крајниот рок за исплата (31.12.2017) од Државниот завод за статистика е објавена просечната нето и бруто плата по вработен за месеците јули, август и септември.

Просечната нето (бруто) плата по вработен за овие месеците јули, август и септември изнесуваше 22.671 (33.328), 22.912 (33.675) и 23.229 (34.127), респективно.

Врз основа на овие податоци, висината на регресот за годишен одмор (К-15) ќе се движи од 9.174 денари (40 отсто од просечна нето плата во последните 3 месеци) до 13.484 денари (40 отсто од просечна бруто плата во последните 3 месеци).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK