Нед07222018

Последна промена06:25:01 PM

Back Вие сте на: Home Живот Ами денеска је Игнет, зошчо периш? Обичаи во охридско за „Св.Игнати Богоносец

Ами денеска је Игнет, зошчо периш? Обичаи во охридско за „Св.Игнати Богоносец

Сподели

Интересни обичаи поврзани со славењето на Св.Игнати Богоносецовој се забележани во Охрид.

Кузман Шапкарев запишал дека на Игнатов ден и вечерта спроти Бадник и на Нејатка спроти Водици во Охрид правеле посни питулици од тенка каша печени во специјални питулчарници и после попарени со ореова вода (врела вода со толчени ореви). Со дел од кашата правеле крстови на оџаците, горните прагови на куќните врати, амбарите, бочвите и др. И Е. Спространов забележал дека во Охрид правеле „питулици на черепна“ и велеле дека тоа се „постулиците на Ристоса“. Спространов запишал предание според кое „На Игнет некоја Бојка от Бојковци си перела. Је рекле: Ами денеска је Игнет, зошчо периш? Таја рекла: Ами, Игнет пригнет! Веднуш се извил сокаот за дирегот и ќе ја удаел. Таа го фрлила грнецот со вода, како го држела, го отпушчила поврзлото и фатила да и викат жените, за да видет чудото“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK