Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Живот Како ја покажувате љубовта, според вашиот хороскопски знак

Како ја покажувате љубовта, според вашиот хороскопски знак

Сподели

Како ја покажувате љубовта? Дали отворено и директно, или пак таинствено и суптилно? Хороскопот го има одговорот.


Овен

Вие ја покажувате љубовта така што другите ги терате да направат работи од кои се плашат, а ги посакуваат. Тие не очекуваат да бидете авантуристи како нив, ниту пак да се промените, туку само да сфатите што се можете да постигнете.

Бик

Биковите ја покажуваат љубовта преку довербата. Тие се приземјени, но се чуваат од другите. Потребно им е многу време да почнат да веруваат. Кога сакате некој, нема да го повторувате тоа, туку ќе им дадете до знаење дека им верувате. Ако сакаат некого, Биковите се посветени и лојални.

Близнаци

Близнаците ја покажуваат љубовта со дела. Тие се посветени на личноста која ја сакаат, и даваат прегратки, ја држат нивната рака, се грижат за нив. Тие не се врзуваат и стануваат зависни брзо, туку сакаат да бидат емоционално блиски до оние кои ги сакаат и тоа го прават на физички начин.

Рак

Кога сакаат, Раковите сакаат да ја доближат личноста која ја сакаат до оние кои им значат. Тие ги запознаваат своите пријатели и семејство со онаа личност која им значи. Тоа го прават бидејќи нивниот круг на семејство и пријатели се најважното нешто за нив и со тоа ја внесуваат личноста која ја сакаат во својот мал круг на луѓе кои им значат.

Лав

Лавовите сакаат да ги разгалат оние кои ги сакаат. Тие се подготвени постојано да даваат, и не само внимание, туку и скапи подароци. Со таквиот напор, сакаат да покажат дека се грижат за луѓето во нивниот живот.

Девица

Девиците ја покажуваат љубовта преку слушање. Тие ги паметат малите нешта за другите луѓе и секогаш се заинтересирани за нив. Обрнуваат внимание на многу нешта и секогаш се подготвени да ја ислушаат личноста која ја сакаат.

Вага

Вагите ја покажуваат љубовта со тоа што се грижат за нештата за кои се грижи личноста која ја сакаат. Тие сакаат да научат нешта за кои оние кои ги сакаат се заинтересирани и сакаат и самите да ги пробаат. Дури и личноста со која се е целосно различна, тие сепак го прават тоа. Сакаат да споделат што е можно повеќе.

Шкорпија

Вие ја покажувате љубовта преку лојалност. Кога сакате некого сте целосно посветени. Кога сте избрале да сакате некого, таа личност го заслужува сето внимание и љубов кои можете да ги пружите.

Стрелец

Стрелците сакаат да ја охрабруваат личноста со која се во врска. Тие го сакаат најдоброто за оние кои ги сакаат и прават се што е потребно за да дадат поддршка. Тие сакаат нивните сакани да ги следат своите соништа и да ги остварат своите цели.

Јарец

Јарците секогаш се тука за оние кои ги сакаат. Кога им се потребни, Јарците секогаш се тука за нивните сакани. Тие секогаш ги исполнуваат своите ветувања и ја даваат поддршката која на сите им е потребна.

Водолија

Водолиите сакаат да помагаат. Се обидуваат да ги решат проблемите на тие кои ги сакаат и продолжуваат да се трудат и тогаш кога не можат. Не го прават тоа бидејќи се луди, бидејќи навистина им значи да помогнат и да знаат дека се ќе биде во ред.

Риби

Рибите сакаат со цело срце. Ја покажуваат љубовта преку романса и страст, ентузијазам и возбуда. Тие сакаат да им покажат на оние кои ги сакаат дека се грижат за нив и никогаш не го кријат тоа. сакаат со цело срце и не се засрамени од тоа.

 

Извор: vesti.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK