Чет06212018

Последна промена04:38:54 PM

Back Вие сте на: Home Живот Суеверие: Некрстени или погани денови. Чувајте се!

Суеверие: Некрстени или погани денови. Чувајте се!

Сподели

Период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити!!!

 

Станува збор за верување според кое во ова време од годината, кога Исус се уште не бил крстен, земјата била отворена мртвите да излегуваат, а заедно со нив ѓаволите и другите демони.

Во верувањата на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно, според народното верување, од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови познати како Некрстени денови, но и како Ристосови или Погани денови според верувањето се најризичните или најопасните денови во годината. Според народните верувања и суеверија дете некрстено и жена леунка се изложени на силно влијание на негативните демони. Иако е познато дека Исус е крстен на триесетгодишна возраст, сепак во народното верување останало дека периодот од раѓањето на Исус (Божик) до крштевањето (Водици) е исполнет со многу активности на негативните демони токму поради тоа што во овој период Исус не бил крстен, а Богородица била леунка. Оттука според верувањето и денес во овој период се активни разни нечисти сили, зли духови, караконџули, вештерки и сл. кои влегуваат во домовите, учествуваат во гозбите и на разни начини се обидуваат да му напакостат на човекот.

Овие нечесни сили владеат од моментот на стемнување, па до моментот на разденување. Поради тоа во народот се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет. Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Поради тоа како мерки на заштита во овој период не се работат некои потешки работи, не се крштеваат деца, не се оди на печалба и сл. Марко Цепенков забележал дека во овој период „навечер не бидувало да шијат терзиите, ниту жените бидувало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица.” Но по Водици откако ќе се крстела водата можело да се оди на туѓина и секакви други работи да се работат…

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK