Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Живот Се слави Православна Нова година

Се слави Православна Нова година

Сподели

Источната Православна Црква сè уште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената

Стара Нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар.

Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре (14 јануари)  во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK