Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Живот Македонија и Србија заедно ќе привлекуваат туристи од прекуокеанските земји

Македонија и Србија заедно ќе привлекуваат туристи од прекуокеанските земји

Сподели

Македонија и Србија заеднички ќе привлекуваат туристи од прекуокеанските земји и тоа со културниот туризам.

Планот веќе е разработен, а ќе се користи светскиот тренд на поголема застапеност на туристичката понуда по региони.

Начинот на кој ќе се прецизираат туристичките понуди ќе се најде на усвојување на заедничката владина седница на двете земји кон крајот на месецот во Ниш.

„Имаме многу причини да работиме на унапредување на целокупните билатерални односи меѓу двете земји. Соработката во областа на туризмот исто така добро се развива бидејќи дефиниравме три различни туристички производи меѓу двете земји. Целта е да ги преставиме на оддалечените пред се прекуокеански држави и верувам дека Србија и Македонија и во оваа област ќе бидат многу поуспешни од сега“, изјави Расим Љајиќ, вицепремиер и министер за трговија на Србија.

Од македонското министерство за економија велат дека се работи за понуди од културниот туризам на двете земји, бидејќи токму тоа е најатрактивниот произвот од регионот.

„Затоа целта е да се формираат работни групи во кои ќе биде вклучен и приватниот туристички сектор од Македонија и Србија кои ќе работат на детално прецизирање на елементите кои можат да влезат во тој заеднички туристички пакет“, велат од македонското министерство за 24 Вести ТВ. 

Македонската туристичка понуда и претходно беше вклучена во таканаречените Балкански тури, но до сега не беше прецизирана преку заеднички владин план со ниту една земја.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK