Вто08142018

Последна промена05:04:15 PM

Back Вие сте на: Home Живот Триесет и осум години од смртта на Тито

Триесет и осум години од смртта на Тито

Сподели

Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на денешен ден 1980 година во болница во Љубљана.

На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па се до неговата смрт.Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка федеративна Република Југославија и на Сојузот на комунисти на Југославија, беше доживеана како национална трагедија. Тој е погребан во Куќата на цвеќето, во Белград, на 8 мај 1980 година, каде и сега се наоѓа неговиот гроб, посетуван се уште од негови почитувачи и туристи.Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до денешен ден. Присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб. На годишнината од неговата смрт, во „Куќата на цвеќето“ пристигнуваат посетители од сите краеви на поранешната СФРЈ.Роден е во селото Кумровец, на 7-ми мај во 1892 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK