Вто09252018

Последна промена05:58:32 PM

Back Вие сте на: Home Живот ФОТО Репортажа: Скриениот убавец - манастирот Свети Атанасиј во Љубаништа

ФОТО Репортажа: Скриениот убавец - манастирот Свети Атанасиј во Љубаништа

Сподели

Во магичната  живописна природа, скриен во раскошното зеленило и жуборот на изворите на Црн Дрим , не многу високо,  издигнат е манастирот Свети Атанасиј во селото Љубаништа.

Во непосредна близина на еден  од најпознатите манастири во земјава посветен на Чудотворецот Свети Наум Охридски, речиси еден век опстојува овој скриен „убавец“.

Духовно светилиште посветено на големиот светител  не е многу познато во јавноста. Пред да стигнете до манастирскиот компекс Свети Наум има скромна патоказна табла која води до тивкиот манастир Свети Атанасиј. 

Црквата е малечка, но убава христијанска градба,  изградена скоро пред еден век во далечната 1920 година. Според раскажувањето на дел од свештениците црквичката ја изградил тогашниот свештеник за населението кое работело на Љубанското поле да  има каде поблиску да се помоли на Бога.

Во дворот на црквата во поново време се изградени прекрасните конаци. Од дрво и камен вистински се вклопуваат во беспрекорно уредената цветна градина на  духовното светилиште, за што се грижат свештените лица. 

За жал до ден денес овде не живееле монаси. Конаците бдеат празни и ги чекаат првите искушеници. 

Во манастирот два пати во годината се служи Света архиерејска литургија. На празникот зимски Танасовден и летен кој се одбележа денес на 15 мај. 

Охриднет топло Ви го препорачува да го посетите  ова прекрасно тивко светилиште. 

ФОТОГРАФИИ:

 

Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK