Чет05242018

Последна промена10:25:49 AM

Back Вие сте на: Home Живот Муслиманските верници го слават Рамазан

Муслиманските верници го слават Рамазан

Сподели

Муслиманските верници утроово го започнаа светиот месец Рамазан.

Во 03 часот и 10 минути, муслиманските верници  го започнаа светиот месец Рамазан.Освен што е месец на постот, тој е и месец на објавувањето на Куранот. Првиот ифтар во овој месец е утре вечер во 19 часот и 54 минути. По 30 дена постење, муслиманите ќе го прослават празникот Фитер Бајрам, кој оваа година паѓа на 15 јуни. Ќе се слави два дена.Рамазан е месец на простувањето, покајувањето и милосрдието, можност муслиманите да станат сочуствителни со луѓето кои имаат потреба од помош, доброволно лишувајќи се од храна и вода.
Според Сулејман Реџепи, Поглавар на ИВЗ,„Постот е еден вид едногласен договор за пренесување на заеднички пораки. Целиот муслимански свет пости и преку овој чин овој свет докажува дека е способен да се жртвува доброволно за да покаже дека има непоколеблива посветеност кон Семоќниот Создавач. Сведочи дека има љубов и сочувство кон суштествата на Милостивиот Бог, сведочи дека постои свест и хумана душа за да ја загрее и погали душата на секое суштество на Апсолутниот Бог“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK