Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Живот Свети Никола Чудотворец (Летен)

Свети Никола Чудотворец (Летен)

Сподели

Според календарот на МПЦ денес се одбележува спомен на еден од најглемите светители Свети Никола Чудотворец - Летен.

 

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Во животот на нашиот човек значајно место има свети Никола, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со многу внимание го празнуваат неговиот ден. Иако повеќе се празнува денот на неговото упокојување 19/6 декември попознат како Свети Никола -Зимен, сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на св. Николај од Мир во Бари на 22/9 мај, празник меѓу народот попознат како Св. Никола - Летен.

Култот на св. Никола е познат од 6 век, а најстарото житие за него потекнува од 9 век. Важел за заштитник на целокупното насление од целиот свет поради што високо го ценеле не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците коишто како што сои во некои записи го викале “Ад'рбаба” (што значи јадар или голем татко).

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK