Вто12182018

Последна промена12:25:26 PM

 

Back Вие сте на: Home Живот Богослужби по повод јубилејот 1000 години Охридска архиепископија

Богослужби по повод јубилејот 1000 години Охридска архиепископија

Сподели

Боголсужби по повод јубилејот 1000 години Охридска архиепископија.

 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27. Мај 2018 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско - сиднејски г.Тимотеј.


Вечерта по повод јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија:
- 17:00 ч. Молебен во манастирот св.Климент и св.Пантелејмон – Плаошник
- 18:30ч. во св.Софија свечена Академија на која свое обраќање ќе имат: Н.Б.Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, Н.В. Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, Претседателот на Р.Македонија г.Ѓорге Иванов,и претседателот на Владата на Р.Македонија г.Зоран Заев.
- 19:15ч. Концерт на Македонската Филхармонија придружувана од хоровите на Бигорската обител.


28. Мај  (понеделник), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „св. Софија“ - Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски синод.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „св. Софија“ - Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој голем и многу значаен јубилеј, 1000 годишнина од основањето на Охридската Архиепископија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK