Вто08142018

Последна промена05:04:15 PM

Back Вие сте на: Home Живот Дали Охрид е вистинскиот Ерусалим?

Дали Охрид е вистинскиот Ерусалим?

Сподели

Ова е резултат од 20 годишно истражување на писателот Милош Линдро кој се посветил на украдената македонска историја и тајните кодови и знаци на христојанството...

 

Дали Исус и христијанството се родени во Охрид, вистинсхиот Ерусалим, во Првата Вистина (Јустанијана Прима); која е причината за распнувањето нa Исус според таканаречениот Болоњски псалтир, ракопис украден од охридското село Рамне, а првпат печатен вo Париз 1746-та година; каков е мистериозхиот крст во Охридското езеро; зошто немало да има никаква Ренесанса во Европа ако нe билe украдени скапоцените книги на охридските манастири; зошто во Македонија веќе десет века доаѓале и доаѓаат тајни мисионери од Ватикан; дали апостол Павле уште во првиот век во Македонија го ширел христијанството меѓу образовани и писмени Словени – староседелци; зошто мапата нa Ерусалим е речиси идентична со мапата нa стариот Охрид?

Тоа се само дел oд прашањата што уште пред дваесет години си ги поставил писателот Милош Линдро, а дури потоа, пред повеќе од десет години, јавно ги објавува одговорите дo кои дошол истражувајќи ги тајните шифри нa просторот околу Охрид, старите фрески, икони и книги.

Која е, или, поточно, каде е вистинската татковина нa нашата стара христијанска вера; дали Охрид е вистинскиот Ерусалим, дали овој балкански Ерусалим е градот нa ‘светиот крал’ Давиди нa неговите синови Авесалом и Соломон; дали е градот нa Дионис и нa Хермес, па дури, може дa се рече, и градот нa Исус, градот нa неговите маки?

Според Милош Линдро, писател и темелен истражувач нa скриени шифри во фрески, мапи и стари книги, градот Охрид е заборавениот балкански Ерусалим, градот нa светиот цар Давид, градот на Исус и нa неговите свети посланија. Истражувајќи ги над дваесет години тајните шифри нa христијанството, Линдро дошол до сензационални откритија дека, нa пример, во пештерата под Канео е роден Дионис, внук на Кадмо, основачот нa Охрид; дека таканаречената европска ренесанса се темели на украдените книги од Охрид, дека Исус е убиен поради крвна одмазда; дека во Македонија уште доаѓаат тајни мисионери за да го бараат клучот за шифрите во старите христијански книги однесени од балканскиот Ерусалим и друго.

 

Целата статија на вечер.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK