Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Живот Преображение Христово

Преображение Христово

Сподели

Празникот Преображение на Господ Исус Христос, секоја година се одбележува на 19-ти август.

Православните верници, денеска го слават празникот Преображение на Господ Исус Христос, што секоја година се одбележува на 19-ти август.На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан.Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена па не е за капење. Кај луѓето на Преображение се случуваат промени-кој преку лето поцрнел, почнува да белее. На Преображение и небото , во глува доба три пати се преобразува. Кој тоа го види и на друг му каже, се верувало дека ќе го изгуби паметот. Според распространетото верување, на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив и поспан. Не е добро овој ден да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафана – да не им помине во навика и да не станат безделничари и расипикуќи. Преображение спаѓа во христовиот пост на кој жените постеле, а овој ден е обичај, никој, без исклучок да не мрси.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK