Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Живот Денеска е Курбан Бајрам

Денеска е Курбан Бајрам

Сподели

Верниците од муслиманската вероисповед го слават Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам — голем исламски празник кој трае 7 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот календар е месечев календар, а грегоријанскиот календар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.Во вчерашната порака до верниците, реисот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи, порача: „Драги верници, сестри и браќа, задоволство ми е да соопштам јавно дека утре го славиме празникот Курбан Бајрам. Овој празник, без сомнение е свет празник, бидејќи ја одбележува нашата верност и искреност кон Семилосниот Алах, кој што токму воочи овој празник ја усоврши нашата вера комплетирајќи го Величествениот Куран. Курбан Бајрам, драги верници, е празник во кој што силно се пренесува пораката за Благородноста и Милоста на нашиот Творец кои што тој ги чувствува кон сите свои створенија“.
Денес, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK