Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Живот Градоначалникот Стојаноски со честитка за Курбан Бајрам

Градоначалникот Стојаноски со честитка за Курбан Бајрам

Сподели

Охридскиот градоначалник испрати празнична честитка за празникот Курбан Бајрам.

Во честитката се вели:Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповест,Дозволете во овие празнични мигови да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен мир, за Вас и Вашите блиски. Вербата во Бога нека не води по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето нека владее разбирање, без разлика на етничката, верска или било каква припадност. Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува луѓето. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден со друг, да се почитуваме во толеранција и хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат и ќе не водат напред. Граѓаните од сите вери и заедници мора да продолжат заедно да ја градат иднината на Охрид и Република Македонија, зошто тоа е вистинскиот пат за сите нас.
Овие празнични денови нека поминат во радосно и семејно опкружување, со добра мисла, мирољубивост и толеранција заднички да градиме општи добра, стои во честитката на градоначалникот Стојаноски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK