Чет10182018

Последна промена03:44:04 PM

Back Вие сте на: Home Живот ВИДЕО: Одбележана славата во манастирот Рајчица

ВИДЕО: Одбележана славата во манастирот Рајчица

Сподели

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец”, во дебарското село Рајчица, вчера ја одбележа манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден.

 Одбележувањето почна синоќа со свечена и празнична вечерна богослужба, на која на крај проследен од стиховите на празничниот тропар и раскошно украсен со цвеќе, беше изнесен на вход крстот со честичка од Чесното Дрво и потоа повторно внесен во олтарот.

Беше отслужена утрената богослужба на која од светиот Престол, од олтарот, беше изнесен сребрениот филигрански крст, во кој е вметнат крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир.

По чинот на Воздвижение на крстот, верниците се поклонија пред Живоносното и спасително Дрво на Господ Исус Христос. Потоа беше одржана Света Божествена Литургија, пренесува Нова Македонија. 

Со службите и литургијата чиноначалствуваше Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир во сослужение со братството од Бигорскиот манастир и сестринствата од манастирот во Рајчица и манастирот „Света Пречиста Кичевска“.

– Верата е потребна за да не бидеме изгубени. Ако имаме вера, Господ секогаш ќе биде со нас. Крстот е дел во христијанскиот живот од раѓање до смрт, тој е оружје на мирот. Возљубени мои, нека светиот Крст, преку силата му од Бога дадена, ве чува и заштитува- порача меѓу другото отец Партениј.

ВИДЕО: 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK