Нед12152019

Последна промена03:50:34 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Како правилно да вежбате во теретана

Како правилно да вежбате во теретана

Сподели

За да не го губите времето туку  да ги губите килограмите треба правилно да вежбате во теретана. Според тренерите во фитнес центар најдобро е да се оди наутро на празен стомак. Тогаш најефикасно се топат мастите.

 

Доволно е дневно да се вежба 40 минути до еден час, повеќе нема потреба. За време на вежбањето обавезно се пие половина литар вода.  За губење на килограмите најефикасно е првенствено  да се започне со кардио вежби.  Возење  орбитрек, лента и точак. Внимавајте на формата, на дишењето, на напорот што го вложувате во секоја етапа. Соодветната форма и дишењето можат да направат огромна разлика во тренингот. Дури и кога станува збор за кардио вежби. На пример, дали сте подгрбавени или наведнати при трчање или пешачење или пак имате соодветен став? Дали дишете бавно и длабоко во текот на вежбите со отпор? Или пак го задржувате здивот или дишете хаотично? Секогаш внимавајте како вежбате.

Пред да почнете со вежбите со тегови  мора да се загреете.  Ако не ја кренете температурата на телото, тогаш повредите можат да бидат почести. Загрејте се доволно за да не предизвикате болки во градите. Добар начин за припрема на телото е лесно трчање 10 до 15 минути или возење велосипед околу 4 километри.

Почетокот треба да се состои од полесни вежби, а потоа вежбањето треба да биде динамично и макотрпно. Секако најважни се советите на тренерот, тој е оној кој ја одредува тежината, темпото и динамиката на вежбите.

За да ги обликувате мускулите важно е да ја усовршите техниката на вежбањето. Уште еднаш се потврдува правилото дека важен е квалитетот, а не квантитетот на вежбите. Доколку правилно вежбате и се придржувате кон здрава храна помалку јаглехидрати, масти и шеќери резултатите ќе бидат видливи само по неколку месеци.

На крајот на секој тренинг задолжително истегнете се. Целта на истегнувањето е опуштање на мускулатурата, зголемување на флексибилноста на поедниечните зглобови, намалување на можноста од повреда и побрзо закрепнување по вежбањето

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK