Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Живот Што јадат Македонците?

Што јадат Македонците?

Сподели

Македонците јадат големо количество на компири, пиперки, домати, ориз на годишно ниво, но многу помалку јадат леќа, туна, соја.

 

65.4 килограми пипер конзумирало едно домаќинство во 2017 година во просек и 49.8 килограми домати. Компири едно домаќинство лани трошело во просек по 103.1 килограм. Се троши по 21.6 килограми грав, и 4.2 килограми леќа. Лубеници во просек се конзумирале по 48.8 килограми, 13 килограми праски, 39.5 килограми јаболка, 24.6 килограми портокали, 26.3 килограми банани, 17.6 килограми грозје по домаќинство.

Годишно едно семејство конзумира 646 јајца, 21.9 килограми сирење, 51 литар јогурт, 17.6 килограми ослич, 21.2 килограми макарони, 32.5 килограми пилешко месо, 12.5 килограми свинско месо, 26 килограми ориз.

8.3 килограми кафе пиело едно домаќинство лани во просек, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од друга страна македонските граѓани во просек јадат по 4.2 килограми млечно чоколадо, а се трошат по 38 килограми шеќер по домаќинство, пренесува Фактор. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK