Пет06052020

Последна промена09:02:37 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Кој е Дедо Мраз? Кој го измисли Божиќниот волшебник?

Кој е Дедо Мраз? Кој го измисли Божиќниот волшебник?

Сподели

Како настанал ликот на старецот со бела брада и црвен плашт кој пред Нова година еднакво ги радува децата во сите краишта на светот?

 

Многу легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која Свети Никола пред Божик на децата им дели подароци. Современото секуларно сфаќање на Дедо Мраз се развило во втората половина на 19 век.

Можеби малкумина знаат но Дедо Мраз е псевдоним за Свети Никола, бискуп кој живеел во четвртиот век во место наречено Мира, во денешна Турција. Тој бил многу богат од мал, бидејќи кога починале неговите родители му оставиле во наследство многу пари. Бил многу великодушен и љубезен човек. Многу често дарувал подароци без да побара нешто за возврат. Има многу легенди и верувања за делата кои ги правел овој човек. Исто така се верува дека сето свое богатство го раздал по сиромашните. Постојано кружи една приказна за еден човек кој бил многу сиромашен, а имал три ќерки немажени. Во тоа време многу лошо завршувале сиромашните девојки, најчесто како робинки, па Свети Никола решил да му помогне на човекот без да знае. Тој ставил пари во вреќички точно три за секоја ќерка по едно, со што ќерките на овој начин добиле мираз за да можат да се омажат. Дури се верува дека влегол преку прозорот и ги ставил во чорапите кои се сушеле покрај огнот, од таму и традицијата со чорапчињата покрај огништата. Така поради бројните дела кои ги има направено Свети Никола, во новото време се закитува со името Дедо Мраз или во англиски превод Санта Клаус, мала игра со зборови од Сант Николас. Тој е како еден вид нова традиција, но исто така и како мал изговор за децата да бидат мирни и послушни цела година, за да добијат подарок за Божиќ. Некои велат живее на Северниот пол, а други пак во местото наречено Лапонија. Тој е весел, грижлив, носи радост. Тој е Дедо Мраз, Свети Ник, Татко Божиќ, Божиќниот Човек, тој е Свети Никола.

Ликот на старец со бела брада и црвен плашт го замислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).

Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да го поттикнат воениот морал и патриотизмот.

Ликот на божиќниот волшебник со бела брада Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година среде американската граѓанска војна.

Подоцна, Наст направил повеќе илустрации за Дедо Мраз и тие почнале да стануваат дел од општата култура.

Но, Дедо Мраз кој денес го знаеме потекнал од реклами. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока-Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка компанија каде го промовирала ликот на Дедо Мраз во човечка големина кој и денес е препознатлив.

Иако само како заштитен знак на една од првите големи маркетиншки компании, Дедо Мраз од јунак на Кока Кола постери, станал глобален феномен.

Меѓутоа, во некои средини, пред се во тие земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен бидејќи претставува симбол на христијанската културна доминација.

За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално, тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божик Бата и слично.

Неговото име често е поврзано со Божикот, но уште почесто со Свети Никола, што е инаку религиозен празник кој претходи на новогодишната веселба.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK