Пет01182019

Последна промена08:42:23 AM

 

Back Вие сте на: Home Живот Тројца мртви многу повредени, се преврте македонски автобус во Србија

Тројца мртви многу повредени, се преврте македонски автобус во Србија

Сподели

Македонски автобус рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во болницата во Лесковац се префрлени 28 лица, додека 4 лица се во болницата во Ниш. Српските спасувачки екипи на лице место затекнале страшна глетка. Прво беа испратени два тима од медицинската помош, но по увидот на теренот, испратени се уште три за да им помогнат на повредените.

Автобусот патувал од Штип за Виена. Неофицијално тој влегол во снежна бура по што се излизгал и се превртел.

-Автобусот беше превртен, тројца патници не даваа знаци на живот. Екипите на Итна помош од Лесковац кои стигнаа први на лице место им укажаа помош на повредените. Имаше патници кои беа заробени во автобусот. Нив ги ослободија припадниците на пожарникарската служба. Најтешко повредените ги транспортиравме во Ниш. Еден од пациентите кој е прв згрижен, имаше симптоми на скршен череп, – изјавил доктор од Итната помош од Ниш за српски Блиц.

Во тек е полицискиот увид и утврдување на причините за несреќата

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK