Вто06252019

Последна промена12:49:21 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Живот Стотици загинати, повредени и исчезнати во цунами во Индонезија

Стотици загинати, повредени и исчезнати во цунами во Индонезија

Сподели

Најмалку 168 загинати, стотици повредени и 30 лица исчезнати, е резултат на цунамито што ја зафати Индонезија.

 

Бројот на жртвите се очекува и понатаму да се зголемува, бидејќи спасувачките екипи се уште се обидуваат да ги постигнат сите области кои беа погодени.

Најлошо погодена област е регионот Пандегланд во провинцијата Бантен во Јава, кој го опфаќа Националниот парк Уџунг Кулон и популарните плажи југозападно од главниот град Џакарта.

Научниците велат дека цунамито веројатно било предизвикано од ерупцијата на Анак Кракату, вулкански остров формиран со години покрај блискиот вулкан Кракату. Тие, исто така, ги наведуваат и приливите на брановите како причина, поради полната месечина.

Ерупцијата на вулканот се случила синоќа во околу 21 часот по локално време. Бран удрил 25 минути подоцна. Немало потреси, па поради тоа немало ни знаци за предупредување.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK