Пет01182019

Последна промена08:42:23 AM

 

Back Вие сте на: Home Живот Папата Франциско: Не со алчност , туку со споделување и давање

Папата Франциско: Не со алчност , туку со споделување и давање

Сподели

Папата Франциско синоќа ги повика верниците од развиениот свет да живеат поедноставни, помалку материјални животи и го осуди длабокиот јаз меѓу сиромашните и бодатите.

 

– Да се прашаме: Дали навистина ми требаат сите тие материјални работи и компликувани рецепти за живот? Можам ли да живеам без тоа непотребно изобилство и да имам едноставен живот? – праша папата, кој синоќа ја предводеше службата во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед, тој рече дека раѓањето на Исус Христос укажало на новиот начин на живот, „не со алчност и трупање, туку со споделување и давање“.

– Во денешно време, за многу луѓе, смислата на животот е во поседување, во изобилија на материјални работи. Незаситната алчност е карактеристика на целата човекова историја, вклучувајќи ја и денешнината кога, парадоксално, само ретки вечераат обилно, а премногу луѓе немаат ни парче леб за да преживеат – рече папата.

Франциско, прв папа од Латинска Америка, ја одреди борбата против сиромаштијата за проритет на својот понтификат.

Тој денеска ќе го упати традиционалниот Urbi et Orbi, порака до градот (Рим) и светот од централниот балкон на базиликата Свети Петар.

Во меѓувреме, десетици илјадници верници, од целиот свет пристигнаа во Витлеем, родното место на Исус Христос.

Палестинската министерка за туризам Рула Маја рече дека сите хотелски капацитети во Витлеем се пополнети и оти градот е подготвен да пречека „вџашувачки“ 10.000 туристи за една ноќ.

Маса луѓе ја преплавија црквата Христово раѓање, каде ја слушаа полноќната миса.

– Со години не сме имале волкава посетеност – рече министерката, дополнувајќи дека годинава Витлеем го посетиле три милиони туристи, за разлика од минатата година кога таа бројка изнесуваше неколку стотина илјади посетители.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK